Помага и за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта доколку се користи редовно

Чајот од рузмарин има голем број корисни својства. Добро е во борбата против главоболката и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, пишуваат медиумите.

Овој пијалок се нарекува и „природен аналгетик“, бидејќи помага да се намали ризикот од хронични болести како што се кардиоваскуларни, дијабетес и деменција. Освен тоа, чајот е добар и против мигрена и болки во коските.

Исто така, чајот од рузмарин многу брзо ја елиминира главоболката, помага за зараснување на раните на устата, ја подобрува меморијата и концентрацијата, го намалува стресот. Овој пијалок помага во одржување на нормално ниво на шеќер во крвта доколку се користи редовно.

Advertisement

Една лажица сув рузмарин се додава во шолја топла вода, потребно е да отстои пет минути, па се цеди. Во чајот може да се додадат мед и лимон.

Advertisement