Бензините отидоа над 100-ка: Рекордни цени од ноќеска на полноќ




Речиси во исто време кога Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, попладнето и вечерва долги редици возила се создадоа на бензиските пумпи…




Во обиколката низ Скопје, речиси и да не регистрираше бензиска на која немаше голем метеж..




Граѓаните побрзаа да наточат горива пред да стапи на сила најавеното поскапување од полноќ, според кое цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 9 денари и литар ќе чини 104 денари. За толку поскапува и дизелот и ќе се точи по цена од 95 денари за литар.




Цената на 98-цата ќе се зголеми за 9,5 денари и литар ќе изнесува 106, 5 денари..




Ваквата одлука следи откако Владата на денешната седница не ги продолжи досегашните антикризни мерки, кои вклучуваа намалување на акцизата и на ДДВ-то на горивата од 18 на 10 проценти.




Експертите претходно предупредија дека ако не се преземе нешто откако ќе престане нивната важност, цените нагло ќе пораснат, а тоа ќе се одрази врз стандардот на граѓаните.












