Интересен експеримент со цел добра забава

Кога автомобилот ќе загуби тркало среде возење, тоа е голема опасност , но што ако ги загуби сите четири?!

Одговорот ни го дадоа момците од рускиот канал „Гаража 54“ , чиј последен експеримент мора да го погледнете.

Пред да заминат на безбедно место, симпатичните Руси создадоа посебен систем , кој ги држи тркалата со помош на (воздушен) притисок.

Advertisement

„Механизмот за заклучување“ се ослободува со притискање на копче, а гумата продолжува по својот пат!

Интересно решение со цел добра забава , а во главната улога повторно беше Лада .

Малку е веројатно дека автомобилот некогаш би ги изгубил сите четири гуми одеднаш, но кај тимот „Гаража 54“ нема граници.

Advertisement