Македонската православна црква и верниците денеска го празнуваат Светиот апостол Симон Зилот.




Македонската православна црква и нејзините верници денеска го одбележуваат денот посветен на светиот апостол Симон Зелот, еден од 12-те големи апостоли.




Роден е во Кана Галилејска. Господ Исус дојде на неговата венчавка со својата мајка и учениците. Кога вино снемало, Господ ја претворил водата во вино. Гледајќи го ова чудо, младоженецот Симон ја напушти куќата, родителите и невестата и тргна по Христа.




Зелот значи ревносен. А Симон беше наречен Зелот поради неговата голема и огнена ревност за Спасителот и Неговото Евангелие. Откако го примил Светиот Дух, Симон отишол да го проповеда Евангелието во Мавританија, Африка.




Откако успеа многумина да обрати во Христовата вера, тој беше мачен и конечно распнат на крстот, како и неговиот Господ, кој му подготви венец на славата во бесмртното царство.
За простување на гревовите, кажи ја оваа молитва денес:




– Апостолу свети Симон, моли се на Милостивиот Бог да ни даде прошка на гревовите на нашите души.АМИН











