Верувале или не, покрај постелнината, понекогаш треба да ја смените и перницата.




Се прашувате кога е време да го направите тоа?




Различни информации може да се најдат на Интернет. Некои експерти тврдат дека треба да ги фрлиме по една година, некои по две, а некои велат дека е сосема во ред перниците да се користат и до пет години.




Сепак, една мајка од Мелбурн, Австралија покажа едноставен трик на социјалната мрежа Тик-Ток за да провери дали вашите перници се за еднократна употреба.




„Перниците собираат прашина, мртви клетки на кожата и масла, поради што имаат рок на траење до две години. Овој едноставен тест ќе ви каже дали им истекол рокот“.




Така, како што видовте, преклопете ја перницата на половина и држете ја така околу 30 секунди, а потоа само пуштете ја. Треба да отскокне и да се врати назад“, се вели во видеото како упатство и објаснување.











