




Во пресрет на првомајските празници ви пренесуваме неколку трикови за правење скара
Можеби ви изгледа чудно, но ако додека ја печете на средината на плескавицата ставите коцка мраз, ќе има неверојатен вкус. Месото ќе биде повкусно од вообичаено и ќе се пече од сите страни.




За да биде месото сочно, некои мајстори за скара секогаш имаат при рака сок од јаболко. Велат дека за време на печењето повремено треба да прскате сок од јаболко.




Доколку се соберат поголем број луѓе, најдобро е да почнете да печете месо пред собирот. Печете го речиси готово, но не целосно испечено. Кога ќе дојде време за послужување, вратете го на силен оган. Месото ќе биде готово, а никој нема да мора да јаде ладна скара.




Една од најголемите и најчестите грешки е тоа што мајсторите за скара го преваруваат месото. Решете го проблемот со поместување на јагленот на едната страна, а другата ќе биде постудена. Врз него се става печено месо кое нема да се превари, туку ќе биде топло за послужување.











