Постојат многу рецепти со мелено месо, а најзастапени се плескавиците, ќофтињата или полнетите шницли. Секоја домаќинка додава некоја состојка за која мисли дека ќе го направи месото посочно, но трикот е многу едноставен.

Додадете им бујон и што и да направите од мелено месо ќе биде сочно и ароматично. Ако немате подготвена супа, не ја заменувајте со вода, туку направете ја брзо.

Топлата вода измешајте ја со коцката за супа и кога целосно ќе се раствори, чорбата е готова, пишува Stvarukusa.rs.

Еве како да го искористите овој практичен додаток во садовите.

Advertisement

Во меленото месо што сте го зачиниле, истурете бујпн (1 шолја на 1 кг мелено месо) и убаво измешајте. После тоа, покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 30-40 минути.

Advertisement