Ако сакате тестенини, тогаш ова јадење ќе ви стане омилено, не само затоа што се подготвува многу брзо, туку и затоа што е навистина превкусно.
Понекогаш немаме идеја што да подготвиме за ручек, понекогаш немаме време, а гладот нè притиска, па посегнуваме по намирници кои не се добри ниту за здравјето, ниту за линијата.
Кога ќе ви треба нешто брзо и едноставно, сетете се на ова јадење – совршено е за семејства, а количината е доволна за богат ручек за четири лица, а понекогаш останува и за следниот ден.
Во него има сè што ви е потребно за со часови да бидете сити, а најдобро од сè е што нема да посегнете по брза храна или нешто набрзина од фрижидер, по што повторно ќе огладнете за кратко време.
Потребни состојки:
- 500 г мелено свинско месо
- 1 поголема главица кромид
- 1 кеса макарони
- малку масло (не е задолжително ако месото е помасно или ако користите тефлонска тава)
Подготовка:
Кромидот исечкајте го на ситни коцки и ставете го да се динста со малку вода. Потоа додајте го меленото месо и зачините (сол, вегета, лук – по желба). Оставете да се динста околу 10 минути.
Во меѓувреме ставете вода да зоврие и штом ќе почне да врие, додајте ги макароните да се варат 7-8 минути. Приближно во исто време ќе бидат готови и месото и тестенините.
Потоа процедете ги макароните, измешајте ги со месото, додајте зачини по вкус и јадењето е подготвено.
Со ова јадење одлично оди свеж магдонос во поголема количина, но тоа зависи од вашиот вкус и вкусот на вашето семејство, како и од зачините со кои ќе го збогатите вкусот на ова фантастично јадење.











