




Во текот на оваа работна седмица ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.




Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.




Дневната температура до петок ќе биде во опаѓање.




И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно (освен утре), со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.
Advertisement
Advertisement











