Потресна семејна битка: другарчињата ми велат да одам во дом, моите не ме чувале убаво

Маријана Димова ја прати лоша судбина. Од мала, на 11 години останува без татко, исмејувана и бркана од дома од најблиските. Спиела каде ќе се снајде.

Две години подоцна и бил дијагностициран тумор на мозокот и била оперирана. Немала пари за да заврши средно образование. Гладна со денови, единственото што ја одржувало била надежта за подобар живот.

– Останав сирак без татко на единаесет години. Тетка ми не избрка од куќата. Со мама и сестра ми Тања, спиевме по улици. Ретко имавме пари за да платиме кирија. Сè додека еден ден сестра ми не влезе насилно во нашата куќа и оттогаш не дозволивме никој да не избрка.

Advertisement

Но, проблемите и тешкото детство предизвикаа сериозна болест кај мене, па на мои тринаесет години јас со силни главоболки, во тешка агонија зборувајќи си сама со себе, бев оперирана од тумор на мозокот.

Едвај останав жива. Господ ме остави само за да се мачам-плачејќи се присеќава Маријана на своето тешко детство.

Надежта за подобар живот Маријана ја гледа во бракот, па уште не полнолетна таа од Битола, се сели во Сенокос, Прилеп, каде се мажи и раѓа четири деца:

Александар, Лиле, Максимилијан и Антонио. Четири зеници во нејзините очи. Четири причини да не се откаже и да продолжи да се бори. Иако во многу наврати, животот ќе и потврди дека таа борба не е воопшто лесна.

Истите зборови ги кажаа и нејзините братчиња, кои низ солзи ги покажаа своите скинати патики, а не ја заборавија и желбата да имаат телефони како сите деца и еднаш во животот барем да дувнат роденденска свеќичка.

Затоа, најголема желба на оваа млада мајка е да може да најде работа, за да има како да им овозможи поубав живот на најмилите.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на следниот телефонски број 078/766563 или на жиро сметката 240287107700235.

Автор Оливера Петрушевска

Целата статија можете ја прочитате на следниот линк приказна.мк

Advertisement