Тестенините со сланина и спанаќ се одличен предлог за лесен ручек или вечера.




Брз рецепт за ручек е она што ни треба кога надвор е топло. Никој не може да и одолее на италијанската кујна, а од тестенини може да се направат широк спектар на јадења. Во основа, можете да додадете сè што имате во фрижидер на сварените тестенини и ќе испадне фантастично. Пробајте го овој рецепт за лесен оброк, а ако сте еден од оние кои не можат да замислат оброк без месо, сланината е тука да ја извлече работата.




Состојки:
- 70 гр сланина
- 60 гр кашкавал
- 2 чешниња лук
- 120 гр замрзнат спанаќ во брикети
- 250 мл млечна павлака за готвење
- 250 гр тестенини по желба




Подготовка:




Сланината исецкајте ја и пропржете ја, па додајте ги сечканиот лук и спанаќот. Се динста околу 10 минути, па се зачинува по вкус. Истурете го кремот за готвење и додадете го сирењето. Промешајте и оставете го сосот на тивок оган. Мешајте повремено. Сварете ги тестенините, процедете ги, додајте ги во сосот и измешајте. Послужете.
Извор: Прашање на вкус











