Ако имате проблеми со ангина или воспаление на грлото и крајниците, пробајте пијалок што може да ви ги олесни проблемите.

Главоболка, општа малаксаност и силна болка се само некои од симптомите на болки во грлото. Симптомите на воспаление можете да ги ублажите со природни лекови. Еден народен рецепт за третман на болки во грлото се покажал како особено ефикасен, а доколку воспалението е послабо, многу брзо ќе почувствувате олеснување.

Неопходно е:

  • 5 лажици мед
  • 1 лажица куркума во прав
  • 1 лажица ситно сечкан ѓумбир
  • 2 лажици мелени лук
  • половина лажица цимет во прав
  • 4 супени лажици сок од лимон

Подготовка

Advertisement

Загрејте го медот на тивок оган, а потоа додадете ги сите останати состојки. Добро измешајте и оставете да отстои еден час. Сирупот процедете го во цедалка, па истурете го во соодветен сад. Пијте една лажица сируп полека два до три пати на ден.

Advertisement