Дел од граѓаните кои пазареа утрово со кои поразговаравме велат дека се зашеметени, но не од топлото туку од цените на производите. При секое влегување во маркет ги дочекувале нови цени.

„Има ли зголемување на цените на прозиводите од 1јуни? Има и тоа многу. На што конкретно забележавте?На се. Лебот на се, секоја цена има разлика. Прво на лебот, секој ден купувам 27 сега е 35“.

Еве ги симптомите за присуство на наслаги во крвните садови …

„Ќе се зголемат цените само со ладна глава и паметен шопинг. А цените ќе се зголемат го гледаме тоа и на светско ниво. И Германија имата проблеми и, Англија имаат проблеми. Што подразбирате под паметен шопинг од што да се ограничиме, што да купуваме,а што не? Да не се ограничуваме од нипто, но да следиме кога има попуст“.

Advertisement

„Се е покачено. Тоа што го земам еве сега пак е покачено. Тешко на тој што нема. На кои производи забележавте покачување? Не можам точно да ви кажам, бидејќи во главата ми се створи некој хаос“.

Но, не само граѓаните и ценометар забележува незапамтени и неоправдани поскапувања кај млекото, зејтинот, брашното, шеќерот…

ГРАФИКА: ПОСКАПУВАЊА ОД ПРВИ ЈУНИ

  • ЗЕЈТИН – ЗА 20-25 ДЕНАРИ
  • ШЕЌЕР- ЗА 5-8 ДЕНАРИ
  • БРАШНО – ЗА 6-9 ДЕНАРИ
  • МЛЕКО –ЗА 6-9 ДЕНАРИ
  • ОРИЗ – 5-7 ДЕНАРИ
  • ГРАВ – ЗА 5-10 ДЕНАРИ
  • ПИВО- ЗА 5-10 ДЕНАРИ

За 20% не може да порасне производната, а не продажната цена изјави деновиве вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Секако инспекциските слуќби се таму да ја утврдат реалната состојба. Дека има вртоглаво и вештачко зголемување има јас кажав и минатата недела. И еве само два примера зошто го тврдев тоа.

За само два дена една тестенина од еден производител маржата на добивка не зборуваме за производствената цена, од 4% на 31.5 се зголемила за 72,5 % т. е граѓаните плаќаат 68% повисока маржа на добивка за тестенини. И ние наскоро штом завршат со работа инспекциските служби ќе излеземе со список на субјекти и производи“, вели Битиќи.

Ја контактиравме и директорката на пазарна инспекција Анета Симеска Димоска која вели дека од петокот ја следат ситуацијата и забележани се драстични поскапувања, ќе ја следат и денеска, а утре ќе излезат со информации дали ќе има санкции.

Advertisement