Играњето на очите е крајно непријатно чувство, се појавува ненадејно и може да ви го одвлече вниманието доколку сте на работа.

Точните причини за оваа појава не се точно познати, но се верува дека треперењето на окото е поврзано со нарушување во функционирањето на одредени нервни области лоцирани во основата на мозокот, кои ја контролираат координацијата на мускулите и движењата.

Честопати симптомите на суво око се појавуваат непосредно пред или за време на титрацијата. Некои студии покажаа дека сувите и иритираните очи може да му претходат на треморот.

Други причини вклучуваат:

Advertisement
  • Стресот
  • Иритација на рожницата
  • Замор
  • Недостаток на спиење
  • Зјапање во компјутер или телевизиски екран долго време
  • Нарушување на нервниот систем
  • Прекумерен внес на кофеин (на пример, кафе, чај, сокови со кофеин…)

Грчењето на очите во повеќето случаи е сосема безопасна појава и треба да се проверува само доколку постојано се повторува и се шири на други делови од лицето, а самата појава е придружена со други симптоми како оток и црвенило.

А што велат народните верувања?

Во Кина веруваат дека играњето со левото око е знак за среќа, додека играњето со десното е лош знак.

На Хаваи тоа има тотално поинакво значење, па играњето со левото око значи дека во вашето семејство ќе дојде непозната личност, но ако игра без прекин, тоа значи дека може да дојде до распад во семејството.

Индијците веруваат дека грчењето на левото око е знак на лоша среќа, додека трепкањето на десното око претставува среќа, сосема спротивно од верувањето кое е доминантно во Кина.

Верувањата во нашите простори

Има толкувања дека играњето со десното око значи дека ќе се оствари она што во тој момент сте го мислеле, додека играњето со левото око е лоша среќа, исто како во Индија. Во некои региони се верува дека ако на жената и се грче левото око, таа повторно ќе ја види својата голема љубов по долго време или по долго патување. Ова веројатно било добар знак во античко време за сите жени кои биле загрижени дали нивниот сопруг ќе се врати од војната.

Во некои делови од земјата се верува дека треперењето на горниот очен капак на десното око значи радост во семејството, а долниот, создавање ново пријателство. Левото око – горниот очен капак укажува на раѓање на машко дете во куќата, а ако долниот очен капак игра, лоши вести.

Advertisement