„Ладни раце, топло срце“ или кај младите „ладни раце значат добар/ра си во кревет“ се симпатични и смешни изреки, но колку имањето ладни раце е добро по здравјето.
Кога температурата опаѓа, нормално е да рацете ви бидат поладни, бидејќи системот на циркулација работи на тоа да ја регулира целокупната телесна температура. Меѓутоа, постојат некои симптоми на кои би требало да се обрне внимание.
ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овие симптоми се знак на предупредување дека постои проблем со нервите и циркулацијата и дека би требало да отидете на лекар:
1. Постојано ладни раце и нозе
2. Промена на бојата на кожата
3. Здрвеност
4. Боцкање
5. Рани или пликови
6. Затегната кожа
НА ШТО УКАЖУВА СЕТО ТОА
Болести кои обично се поврзуваат со ладните раце: анемија, Buerger болест, дијабетес, заболување на периферните артерии (PAD), Rainaudova bolest, и склеродерма. Тоа се се пореметувања кои ја намалуваат циркулацијата на крвта во екстремитетите. Лекарот може да го дијагностицира основниот проблем и да предложи соодветен третман.
Исто така, постојано ладните раце и стапала можат да бидат реакција и на одредени лекови како што се бета – блокатори и лековите за тироидната жлезда како и мигрената.
СМРЗНАТИНИ
Сериозно ладните раце можат да доведат до смрзнатини. Кога телото подолго време е изложено на температура под нулата, кожата на ткивото може да се замрзне и да предизвика смрзнатини.
Смрзнатините најчесто се јавуваат на рацете, стопалата, носот и ушите. Можете да почувствувате здрвеност или штипење, а вашата кожа да изгледа бела како восок. Во потешки случаи, на кожата можат да се појават пликови. Ако мислете дека имате измрзнатини, одете на лекар или во итната помош за непосредна евалуација.