Дознајте кои се многу важни симптомите на хиперкалцемија, или покачено ниво на калциум во крвта!
резултати од тест на крвта

Хиперкалцемијата е состојба предизвикана од покачени нивоа на калциум во крвта. Иако изгледа безопасно, може да создаде и сериозни здравствени компликации.

Калциумот е од витално значење за правилното функционирање на нашето тело бидејќи помага и ја регулира силата на коските, мускулите, мозокот и нервните функции. Хиперкалцемијата е состојба која се манифестира во покачени (над нормалните граници) нивоа на калциум во крвта. Некои причини за оваа состојба вклучуваат хиперактивни паратироидни жлезди, дехидрација, откажување на бубрезите, наследни фактори, лекови и рак.

Симптоми на хиперкалцемија

Advertisement

Постојат неколку симптоми по кои можете да препознаете дека телото се бори со хиперкалцемија и дали треба да обрнете посебно внимание на тоа.

1. Жед

Дали често посегнувате по шише вода? Ако ова е вистина, тогаш зголемената жед може да биде знак за хиперкалцемија и ни случајно не треба да го игнорирате. Се препорачува да направите тест на крвта и да посетите лекар.

2. Послаба функција на мозокот

Вишокот на калциум во телото може да влијае на функцијата на мозокот. Симптомите кои се јавуваат се зголемена конфузија, дезориентација, слаба концентрација…

3. Често мокрење

Зголеменото количество на калциум во крвта може да влијае на бубрезите, а еден од симптомите што се јавува во овој случај е зголемениот нагон за мокрење.

4. Болка во коските и мускулите

Калциумот игра важна улога во регулирањето на здравјето на коските и мускулите. Доколку нивото на овој минерал во крвта е надвор од оптималниот опсег, може да настане слабост и болка во коските и мускулите.

5. Промени во расположението и однесувањето

Зголеменото ниво на калциум во телото, исто така, може да влијае и да го влоши менталното здравје. Последица на ова „лошо“ чувство е тоа што личноста има чести промени во расположението и однесувањето.

Advertisement