Female hand holding model of human kidney organ at back of body

За бубрезите правилно да функционираат, потребно е да водите грижа за храната која ја внесувате во организмот, а овие 3 намирници особено негативно влијаат на овој орган.

Лекарите велат дека тие можат да ја забават работата на бубрезите, но и да предизвикаат создавање на песок, а истите редовно се наоѓаат на трпезата во многу домови.

Еве кои 3 намирници треба да ги сведете на минимум:

Црвено месо и месни преработки
За да го зачувате здравјето на бубрезите, не консумирајте повеќе од 3 порции црвено месо неделно. Високиот внес на црвено месо е поврзан со терминален стадиум на бубрежна болест (ESRD), вели студија објавена во „Journal of the American Society of Nephrology“.

Advertisement

Експертите исто така препорачуваат да го намалите и внесот на преработките од свинско месо. Една обемна анализа која опфатила 23 студии вели дека консумацијата на салама, шунка, сланина и колбаси го зголемува ризикот од развој на малигнитет на бубрезите.

Компири
Компирите се убедливо најпопуларната намирница не само кај нас, туку и во светот. Меѓутоа, треба да бидете внимателни со овој зеленчук доколку имате некакви бубрежни тегоби.

Компирите се богати со калиум кој негативно влијае на лицата кои имаат хронична бубрежна болест. Утврдено е дека пациентите кои боледувале од бубрежна болест и кои имале голема количина на калиум во серум живееле пократко од оние на кои нивото на овој минерал им било пониско.

Газирани пијалаци
Според бројни истражувања, консумирањето на газирани пијалаци во голема мера ги оштетува бубрезите. Експертите откриле дека оние кои пиеле повеќе од 4 чаши газирани сокови неделно имале значително поголем ризик за развивање на хронична бубрежна инсуфициенција.

Advertisement