Веќе имате се што ви треба дома.

Сувите и испукани усни се најчестиот проблем во зимскиот период. Покрај естетскиот проблем, тие можат да создадат рани кои можат да бидат многу болни.

Најважно е да им обезбедите хидратација и нега, но не мора секогаш да посегнувате по балсами. Можете да ја користите и храната што ја имате во кујнскиот шкаф.

Meд

Advertisement

Медот е една од најздравите намирници, а за благотворното дејство на оваа храна врз целото тело се напишани илјадници статии. Може да помогне дури и при испукани и суви усни. Сè што треба да направите е да го намачкате медот и да го оставите да отстои неколку минути, а потоа да го измиете медот со млака вода.

За уште подобар ефект, можете да користите помека четка за да ги отстраните мртвите слоеви на кожата, а потоа да нанесете мед.

Маска од краставица

Сè што треба да направите е да ја исечете краставицата на тенки парчиња и потоа да ја држите на усните околу 10 минути. Оваа постапка можете да ја повторите неколку пати во текот на денот, и ќе забележите дека вашите усни ќе бидат хидрирани и полни.

Advertisement