Крем кој ефикасно ги намалува брчките брзо и лесно можете да направите дома, а ѕвездата на овој рецепт е јогуртот.




За да ја намалите видливоста на брчките и знаците на стареење на лицето, не ви се потребни скапи производи за нега. Домашна крема против брчки со јогурт може лесно да се направи во вашата кујна, а потребни ви се само четири состојки.




Потребни состојки:
- 2 лажици обичен јогурт
- 2 капсули витамин Е
- ½ лажичка свежо исцеден сок од лимон
- ½ лажичка темен природен мед.
Подготовка:
Се матат медот и лимонот, па постепено се додава јогуртот. Потоа во таа смеса истурете ја течноста од капсулите со витамин Е и мешајте додека не добиете паста. Нежно нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 20 минути. Исплакнете со млака вода, па повторно измијте со ладна вода.




Зошто јогуртот е добар за лицето?
Во 100 грама јогурт има околу 1 мг цинк, што е важна состојка за нега на кожата бидејќи има антиинфламаторно дејство, ги намалува порите и ја олеснува репродукцијата на клетките и растот на ткивата. Цинкот, исто така, помага во регулирање на производството на себум произведен од лојните жлезди, што ја намалува веројатноста за појава на акни и мозолчиња.




Јогуртот е богат и со калциум, со чија помош кожата се регенерира и ја штити од сушење и дехидрација.




Овој пијалок содржи и витамини Б2, Б5 и Б12, а витаминот Б2 е познат по тоа што обезбедува здрав сјај на кожата. Ја одржува кожата хидрирана, ги штити клетките на кожата од оштетување предизвикано од слободните радикали, помага во регенерацијата на клетките и игра улога во производството на добри масти во клетките.




Главната хранлива состојка на јогуртот – млечна киселина, е одличен пилинг (има функција на пилинг) и хидратантна кожа. Исто така, има ефект против стареење, намалувајќи ја видливоста на постоечките и спречувајќи појава на нови брчки и фини линии.











