Пластичната амбалажа за пакување на храната што ја консумираме во одредени услови може да биде штетна за нашето здравје.




Меѓутоа, бидејќи редовно се тестира, ризикот е минимален.




Потребна е претпазливост, меѓутоа, поради погрешен избор на пластика за пакување одредени видови храна, несоодветно ракување со пластична амбалажа. Во овие случаи, одредени соединенија од амбалажата може да се пренесат во храната, што долгорочно може да биде штетно за здравјето.




Овој премин од пластична амбалажа кон храна зависи од голем број фактори, како што се температурата и времето на директен контакт помеѓу пакувањето и храната, како и видот на храната. На пример, ако пакувате кисела или мрсна храна во кутии за сладолед, штетните соединенија од пакувањето можат да преминат во храната, што може да го промени квалитетот на храната, нејзиниот вкус и мирис.




Пластичните садови вообичаено не се најдоброто решение за чување храна бидејќи секогаш кога ќе ставите нешто во неа, пластиката испушта штетни материи во контакт со храната.




Преку храната таквите материи стигнуваат до телото, поради што најдобро е да ги замените со стаклени садови. Исто така, друг начин за складирање на храната во фрижидер е да ја чувате во вакуум затворени садови не подолго од четири дена. Јавува Хајат.











