Секој може да го добие вирусот, неколку пати во текот на животот.

Чекалниците на здравствените домови примаат сè поголем број пациенти кои се жалат на респираторни проблеми, но се повеќе има и заболени од стомачен вирус.

Температура над 39, кашлица, болки во мускулите, главоболка, малаксаност, се најчестите симптоми на кои се жалат пациентите кои претходните денови се повеќе ја полнат чекалната.

Цревниот вирус, таканаречениот стомачен грип, го зафати Балканот. Се зголемува бројот на заболени, а гадење, повраќање, дијареа, висока температура, главоболка и грчеви во стомакот „зафаќаат“ цели семејства.

Advertisement

Како што знаеме, овој вирус најмногу ги погодува децата, бидејќи нивниот имунолошки систем сè уште не е целосно формиран.

И бидејќи најновиот вид на корона вирусот мутира, неговите симптоми може да се помешаат со симптомите на стомачен вирус, па затоа главната препорака во секој случај е да посетите лекар и да видите за што точно се работи.

Без разлика дали се работи за корона вирус или стомачен вирус, не треба да се опуштите и да чекате да посетите лекар.

Вирусот обично се пренесува кога столицата или повраќањето ќе влезе во устата на здрави луѓе. Ова обично се случува со јадење храна или течност контаминирана со вирусот, допирање на контаминирани предмети и потоа ставање на рацете во уста или контакт со заразени луѓе (на пример, грижа за некој што е болен или споделување на оброк или користење на истиот прибор за јадење)

Симптомите обично се развиваат 12-48 часа по изложувањето на вирусот. Болеста обично поминува за 1-3 дена.

Важно е да знаете некои основни совети за тоа како да си помогнете ако добиете стомачна вирусна инфекција. Помогнете си со примена на некои од советите што ќе ви ги дадеме.

Стомачниот вирус започнува спонтано, така што имаме неколку фази на оваа болест. Сè започнува со некои општи симптоми како гадење, малаксаност за само еден час и малку покачена телесна температура. Втората фаза поради развојот на болеста покажува посериозна клиничка слика. Во третата фаза, која не му се случува на секого, може да дојде до дехидрација на организмот како последица на компликации, кои повремено бараат болничко лекување. За да не дозволите тоа да се случи, обидете се да си помогнете на време.

Што да направите ако се разболите?

Пијте доволно вода

Телото губи многу течност преку дијареа, повраќање и потење. И сè е обично придружено со гадење. Треба да пиете многу негазирана минерална вода, бистри супи и спортски пијалоци без кофеин. Секогаш во мали голтки. Оние кои не можат ништо да задржат поради дијареа, можат да грицкаат коцки мраз.

Ѓумбир и нане

Ѓумбирот ги ублажува воспаленијата и мачнините, а до одреден степен може да ги ублажи и грчевите и надуеноста. Тоа е и природен лек против вируси.
За чај од ѓумбир, ставете една лажичка мелен ѓумбир (или половина лажичка свеж корен од ѓумбир) во 2,5 dl вода. Оставете да се вари пет минути, а потоа оставете да одмори десет (ако ѓумбирот е свеж, процедете го). Се пие два до три пати на ден.
Помага и нането, а најефективно е како чај. Сварете неколку листови свежо нане во вода, процедете и малку засладете. Чајот пијте го два пати на ден.

Цимет

Циметот е природен лек против вируси и воспаленија. Го подобрува варењето и ги ублажува инфекциите, како и симптомите како гадење и повраќање. Бидејќи се загрева, помага при треска и болка.
Во зовриена вода (2,5 дл) ставете една лажичка мелен цимет. Оставете да се излади и процедете. Можете да засладите со една лажичка мед. Чајот пијте го два пати на ден два дена.

Камилица

Камилицата ги опушта мускулите и го ублажува воспалението. Помага при дијареа, грчеви, надуеност, мачнина и гасови.
За чај, ставете две до три лажички суви цветови од камилица во шолја топла вода, покријте и оставете десет до 15 минути. Додадете мед и лимон за подобар вкус. Пијте го чајот три до четири пати на ден три дена.

Лимон

За домашен лек за стомачни тегоби, додадете една до две лажички сок од лимон во чаша вода и испијте ја половина час пред оброк. Повторете додека болката не престане.

Лимонот ги уништува предизвикувачките агенси на стомачниот грип, а богат е и со витамин Ц, кој има антимикробни својства и му помага на имунолошкиот систем поуспешно да се бори против вирусите.

Секако, потсетуваме дека главната препорака е да посетите лекар!

Advertisement