Главоболката е задолжителен придружник на синузитисот, на кој често не му помагаат ниту најсилните лекови




Овие 2 евтини и природни состојки ги намалуваат најлошите болки во синусите и главоболките! Со првиот силен ветер и студените денови се враќаат неволјите кај сите оние кои патат од чести инфекции на синусите. Главоболката е задолжителен придружник на синузитисот, на кој често не му помагаат ниту најсилните лекови.




Освен лекови, можете да се свртите и кон природни методи за ублажување на болката. Добар сојузник во оваа борба е – лутиот и силен рен.




Една стара грчка поговорка вели: „Ротквицата вреди олово, репата вреди сребро, а ренот вреди злато“.




Подготовка на смесата: Се препорачува свеж рен да се изренда и да се прелие со вински оцет, па да се стави во шише од половина литар и да се затвори. Оставете да се чува десет дена на собна температура со повремено протресување. Кога ќе помине овој период, вдишете ја смесата неколку пати во текот на денот преку отворениот врат на шишето пет минути.




Натопете крпа во истата течност и држете ја на челото или на задниот дел од главата во текот на ноќта. Терапијата трае пет дена, што е доволно за да се ослободите од воспаление на синусите и непријатните главоболки со врелиот и силен мирис на рен во оцет.




Едно од решенијата е да изрендате 50 грама рен, да го ставите во пет децилитри вода и да зоврие. После тоа, ставете ја главата над тенџерето, покријте го со крпа и вдишете ја пареата.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!











