Оваа животна приказна е чист доказ дека кога жената има потреба да се реализира како мајка, таа нема граници. Станува збор за Адријана Илиеску, која на 66 години го доби своето прво дете и направи огромна поделеност меѓу луѓето.




Некои беа воодушевени и имаа само пофални зборови, додека други беа шокирани и рекоа дека тоа не им е на памет.




Адријана се омажила кога имала 20 години. Нејзиниот сопруг не сакаше деца, тој беше целосно против тоа. Адријана набрзо решила да се разведе, по што се посветила на кариерата.




Девет години се лечеше од неплодност, се обидуваше да забремени, но се беше неуспешно. На 66-годишна возраст се одлучила за ин витро оплодување, иако била свесна за огромниот ризик.
Таа успеа да забремени и да роди здраво девојче.




Кога успеала да забремени, тогаш носела три бебиња, но во меѓувреме изгубила две. Самата бременост беше многу ризична и критична, а тешкотиите што ја снајдоа по породувањето беа огромни. Нејзината ќерка Елиза се родила предвреме, па долго време поминала на интензивна нега.




Осудите беа од сите страни, многумина велеа дека е себично да го направи тој чекор во тие години. И покрај се, Адријана мисли дека ќерка и е дадена од Бога.












