Кириите во 14-те најголеми градови во Германија се зголемиле во просек за речиси 50 проценти од 2015 година, покажуваат податоците. Берлин забележа најголемо зголемување на цените, каде што цените на новите закупи се зголемија повеќе од двојно.
Податоците на институтот BBSR се однесуваат на понуди за станови помеѓу 40 и 100 квадратни метри достапни на Интернет, пренесува dpa.
Минхен сè уште се смета за најскап град, со цена што достигнува речиси 22 евра за квадратен метар.
Следи Берлин со речиси 18 евра и Франкфурт со околу 16 евра за квадратен метар.
Advertisement
Најголем раст на кириите имаше во Берлин, 107 проценти, Лајпциг, 67,7 проценти и Бремен, 57 проценти.
Цените најмалку пораснаа во Дрезден – 28,4 проценти.
Advertisement











