Новата епизода од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ на величенствен начин ја отвори нашиот Никола Станишиќ од тимот на Цеца.
Тој го воодушеви жирито со македонскиот репертоар што го изведе на сцената.
Никола заслужено ги доби сите шест гласови, што му овозможи директно да се пласира во четвртиот круг, а најгорда беше менторката Цеца која набрзина побрза да го гушне својот кандидат за да му честита.
„Браво, мил мој!“, извика Цеца, па го брегрна и бакна Никола.
Ана Бекута прва го коментираше неговиот настап. Истакна дека најмногу ѝ се допаѓа кога Македонците пеат на мајчин јазик, што го потврдија и многу членови на жирито.
„Тоа сакаме овде, зошто Македонец да ни пее српски или хрватски песни, ги сакаме вашите мелоси. Убаво пееше Никола, весел си и имаш шестка“, му порача таа.











