Растителен токсин Албицидин – лек направен на база на растителен отров во лабораториски услови покажа одлични способности за уништување бактерии.

Албицидин – лек направен на база на растителен отров во лабораториски услови покажа одлични способности за уништување бактерии.

Научниците велат дека ова е огромен чекор кон создавање на нов моќен спектар на антибактериски лекови.

Научниците открија растителен отров чиј уникатен метод за убивање бактерии може да се искористи за да се создаде нова моќна палета на антибиотици. Лекарите со позитивни реакции ја поздравија можноста за развој на нови антибактериски лекови на овој начин, бидејќи со години предупредуваат дека постојаното зголемување на патогени отпорни на повеќе лекови, како што е ешерихија коли, сега претставува сериозна закана за здравствените системи околу светот.

Advertisement

Нов антибиотик – албицидин – ги напаѓа бактериите на сосема поинаков начин од постоечките лекови, што група британски, германски и полски научници го опишаа во трудот објавен во списанието Nature Catalysis . Нивното откритие сугерира дека сосема нов пат може да се користи за борба против болестите предизвикани од бактерии.

„Не можевме да предизвикаме отпорност на албицидин во лабораторија. Значи, ние сме навистина возбудени затоа што мислиме дека ќе биде многу тешко за бактериите да развијат отпорност на антибиотици добиени од албицидин“, рече Дмитри Гиларов, чија истражувачка група е со седиште во Центарот Џон Инес во Норвич.

Албицидинот се произведува од бактериски растителен патоген наречен Xanthomonas albilineans, кој предизвикува разорна болест на шеќерна трска што ги остава листовите целосно уништени. Патогенот користи албицидин за да го нападне растението, но исто така беше откриено, пред неколку децении, дека е многу ефикасен во убивањето бактерии.

„Проблемот беше што во тоа време не знаевме точно како албицидин ги напаѓа бактериите, па не можевме да го користиме како основа за нови антибиотици бидејќи тие може да предизвикаат различни компликации во човечкото тело. „Моравме прецизно да утврдиме како ги убива бактериите пред да го направиме тоа – и тоа е она што сега го постигнавме“, објасни Гиларов.

Соработувајќи со научниците од Техничкиот универзитет во Берлин и Јагелонскиот универзитет во Краков, Гиларов и неговиот тим користеле серија напредни техники за да откријат како албицидин убива.

„Сега ја разбираме структурата и можеме да создадеме модификации на албицидин за да ја подобриме неговата ефикасност и фармаколошки својства“, нагласи Гиларов.

Според него, тимот е убеден дека ова е еден од највозбудливите нови кандидати за антибиотици по многу години.

„Има исклучително висока ефикасност при ниски концентрации и е многу моќен против патогените бактерии – дури и оние отпорни на широко употребуваните антибиотици како што се флуорокинолоните“, прецизира Гиларов.

Светската здравствена организација предупреди дека отпорноста на антибиотици стана една од најголемите закани за глобалното здравје и безбедноста на храната. Недискриминирачката прекумерна употреба на антибиотици предизвика бактериите да развијат отпорност кон нив, што резултира со еволуција на некои видови на микроби кои станаа многу потешко да се елиминираат.

Последица на сето тоа се повисоки медицински трошоци, подолг престој во болница и зголемена смртност, пишува Гардијан.
Недоволно истражување и развој на нови антибиотици

Резултатите од една неодамнешна студија сугерираат дека ова е голем проблем бидејќи се проценува дека околу 3.500 луѓе умираат секој ден од овие ефекти, а повеќе од 1,2 милиони луѓе умреле во 2019 година како резултат на бактериски инфекции отпорни на антибиотици.

„Еден од проблемите е што фармацевтските компании едноставно не истражуваат доволно нови антибиотици и не ги развиваат доволно. Нови соединенија постојано излегуваа на пазарот, но тоа веќе не е случај. Сè помалку големи фармацевтски компании работат на антибиотици, па таквите лекови се помалку се одобрени за употреба. Проблемот е што повеќе не заработувате пари од антибиотици“, вели професорот Тони Максвел, кој исто така работи во центарот Џон Инс.

„Од друга страна, нема ништо подобро за лекување на бактериска инфекција од антибиотиците, така што оваа работа, која ја отвора вратата за цела низа лекови врз основа на нашето ново откритие за тоа како делува албицидин, мора да биде добра вест. Можеби ќе бидат потребни години за да се развијат клинички ефективни верзии, но тоа сугерира дека еден ден ќе имаме ново оружје во нашиот арсенал“, нагласи Максвел.

Ѓиларов се согласува со својот колега и додава дека е неопходно Владата да се вклучи, како што тоа го направи со развојот на вакцините, за да се придвижат работите.

Треба да се обезбедат стимулации или да се формира наменски институт за развој на антибиотици“, рече Ѓиларов.

Advertisement