Морковите се моќно портокалово богатство – нискокалорично, суперхранливо и многу здраво.
Исклучително е богат со каротеноиди , кои во организмот се претвораат во активна форма на витамин А.




Поради изобилството на каротеноиди, односно витамин А, кој е важен за здравјето на очите, морковите традиционално се познати како храна за видот, но се одлични и за зајакнување на имунитетот, а ја подобруваат работата на уринарниот и дигестивниот систем.




Во голема мера придонесува и за доброто здравје на белите дробови, па морковот е мелем за респираторни проблеми – помага при настинки, кашлица, бронхитис и астма.Со вас споделуваме два одлични рецепти за чистење на белите дробови од слуз со моркови.




ПРВИОТ СЕ ПОДГОТВУВА ВАКА:
Потребни ви се 2,5 dcl свеж сок од морков подготвен во соковник, 2 лажици мед, малку вода.Сокот од морков со постојано мешање кратко сварете го со вода, а потоа додадете го медот.




УПАТСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ:
Подгответе 1/2 кг моркови и 4 лажици мед. Морковот исчистете го и исечете го на прстени.
Ставете го во сад и покријте со вода колку да ги покрие морковите.




Се вари кратко додека морковите не омекнат.
Извадете го од водата, а потоа испасирајте го со миксер или блендер.Оставете ја водата во која се варени морковите да се излади, а потоа додадете мед и сè измешајте со пасираниот морков.




Задолжително уживајте во свежо подготвен сок од морков (можете да го измешате со други сокови од зеленчук и овошје) и разни јадења од моркови.
СЕ КОРИСТИ ВАКА:
Сирупот од морков е традиционален природен лек за кашлица.Овие две варијанти на рецептот за сируп се препорачува да се земаат во количина од 3 до 4 лажички дневно.




Исчистете ги белите дробови со овие два квалитетни рецепти од моркови. Што и да одберете – нема грешка.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!











