Ова се луѓето на кои кафето им е штетно

Генерално, кафето позитивно влијае на организмот. Сепак, некои луѓе никогаш не треба да го консумираат. Експертите веруваат дека шолја кафе може само да им наштети на некои луѓе.

Луѓе со синдром на нервозно дебело црево Според нутриционистот Ангел Планелс, кофеинот може да го зголеми ризикот од дијареа и тоа е главниот симптом на синдромот на нервозно дебело црево.

Луѓе со глауком Истражувањата покажуваат дека после шолја кафе кај луѓето со глауком, интраокуларниот притисок се зголемува.

Advertisement

Луѓе со хиперактивен мочен меур Кафето ја зголемува желбата за мокрење и тоа сигурно нема да делува добро кај луѓето со хиперактивен мочен меур.

Луѓе со срцеви заболувања Факт е дека кофеинот придонесува за привремено зголемување на крвниот притисок и зголемување на отчукувањата на срцето.

Advertisement