Православните христијани кои се водат според Јулијански календар на 13 јануари ќе ја пречекаат Православната или Стара Нова година.
Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.
На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.
Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили.
Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век.
Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.
Денот на Свети Василиј Велики е проследен со многу интересни обичаи, а нашите предци го сметале за многу важен празник, а многумина го славеле како Божиќ.
Во некои области се верува дека денес треба да внимавате да не бидете измамени. Исто така, важно е да не дремете на овој ден, бидејќи ќе бидете поспани и уморни цела година.
Во храмовите се молат на Господ Исус Христос да ја благослови круната на годината, да го зачува православието во мир, да помине годината добро, да ги чува градовите неповредени, да го заштити христољубивиот владетел на земјата и да дарува тој победи над своите противници. Тој се моли и за победа над ерес, за плодовите на земјата, здрав воздух, дожд од небесата и за избавување од сите неволји.











