Наслагите на холестерол околу очите се појавуваат како мали израстоци, слични на мали жолтеникави мозолчиња, но тие можат да растат и да останат засекогаш на местата каде што се појавиле. Според нивниот состав, тие се всушност акумулации на маснотии кои можат да бидат меки или тврди.

Поради чувствителноста на областа каде што се појавуваат, не е препорачливо да се отстранат наслагите на холестерол преку операција бидејќи тоа може да доведе до поголеми лузни кои се подеднакво непријатни доколку вашите проблеми се од естетска природа. Ласерското отстранување е еден од помалку ризичните методи, но лузните сè уште се можни.

Доколку акумулациите на холестерол се резултат на одредена здравствена состојба, се препорачува да се реши проблемот што на прво место ги предизвикал акумулациите. На пример, прилагодување на исхраната ако имате висок холестерол, дијабетес итн.

Постојат многу природни начини за отстранување на наслагите на холестерол, некои од нив се:

Advertisement

Лук – Скршете го лукот за да направите паста и нанесете го на погодената област. Покријте ја пастата со газа или затворете ги очите за да избегнете печење и солзи. По 10-15 минути, измијте ја пастата со млака вода и повторете ја постапката секој ден неколку дена.

Јаболков оцет – натопете памук во оцет и нанесете го на заболеното место, држете го памукот околу 30 минути, а потоа исплакнете го местото со млака вода. Постапката повторувајте ја неколку пати на ден, а за чувствителна кожа разредете го оцетот со вода.

Кора од банана – Исечете мало парче кора од банана и нанесете го внатрешниот дел од кората директно на погодената област. Прицврстете ја кората и оставете ја преку ноќ, а наутро измијте ја областа со млака вода. Повторувајте го процесот секојдневно.

Здравата и урамнотежена исхрана и доволен внес на витамин Ц и омега 3 масни киселини ќе помогнат во борбата против акумулацијата на холестеролот, додека ензимите во овошјето и зеленчукот благотворно ќе делуваат на самата причина, пренесува „Нови “.

Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!

Advertisement