Властите ги истражуваат деталите за необичниот пропуст.

Човек во Кина бил спасен неколку моменти пред да биде однесен на кремирање, бидејќи од чиста среќа погребниците го погледнале телото и виделе дека торбата во која бил спакуван се движи.

Шокантното видео се појави на кинеските социјални мрежи, каде службениците носат лична заштитна опрема, вадат жолта торба од погребална кола и ја откопчуваат за да најдат пензионер – жив и здрав.

– Дојди овде и види дали е мртов? Уште дише! Зарем не сте го виделе како се движи – се слуша на снимката, каде збунети работници се обидуваат да сфатат и да бидат сигурни што се случило.

Advertisement

– Жив е, не му го покривајте повеќе лицето – налутено вели мажот, додека персоналот на носилки го враќа пензионерот во домот за стари лица, пренесува Мирор.

Владини претставници од округот Шангај Путуо потврдија дека вработените во старечки дом го ставиле мажот во торба за тело и договориле да биде кремиран.

Пензионерот е во стабилна состојба откако е префрлен во болница на сеопфатен преглед.

Домот за стари лица се извини за лошото постапување со пациентот, а портпаролот рече дека соработува со владата на Путо за да се формира специјална единица која ќе испита како е можно да се случи таков инцидент.

Да потсетиме, Шангај е под строга едномесечен затвор во рамките на владините мерки, а дневно има по илјада новозаболени лица.

Advertisement