Секој од нас, кога оди на стоматолог има избор дали да стави црна или бела пломба. Кога ќе го прочитате овој текст, нема да ви биде тешко да ја донесете таа одлука.




Џамаела Џами (29)телевизиска водителка која некогаш работела како модел. Двете професии бараат убавина и совршена блескава насмевка. Тоа го знаела и Џамаела, па со помош на стоматолог, нејзината насмевка ја довела до совршенство. Но, тогаш почнале и проблемите. Долги години чувствувала умор и исцрпеност, а неодамна почнала да се сомнева дека поправката на забите има врска со здравствените проблеми кои ги имала, пишува Daily Mail.
„Се случуваше да се разбудам со потечено лице и мамурлак, иако воопшто не пијам алкохол. Главата ми беше тешка и цело време бев исрпена. Се случуваше да појдам на работа и да ме испратат дома, затоа што изгледав ужасно“, раскажува Џамаела.




Таа отишла кај приватен лекар кој после низа тестови пронашол вишок ниво на жива во нејзиното тело. Тогаш требало да открие како толкава количина на жива воопшто се нашла во телото. Откриле дека проблем биле амалгамските пломби кои ги предизвикале сите здравствени проблеми кои ги имала.
Ова откритие не е ништо ново, туку само потврда на она за кое многу експерти одамна предупредуваат.




Штетни за здравјето
Амалгамските пломби обично се нарекуваат „црни“или „сиви“ пломби. Содржат метали како што се сребро, бакар, алуминиум, цинк и жива. И покрај познатиот факт дека содржат и до 50% жива, во повеќето земји во светот се` уште се сметаат безбедни за здравјето. Но, во последните години почнаа да се водат сериозни расправи за нивната штетност.
Многу истражувања покажуваат дека амалгамската пломба може да биде многу опасна и виновна за болести како што се аутизам, Алцхајмерова болест, мултиплекс склероза… и дека под итно треба да се извадат.
Познатиот американски стоматолог Хал Хагинс, прв започнал со разотркивањето на вистината за, наводно, смртоносните пломби и поради тоа дошол во конфликт со целата своја струка. Тој предупредува дека живата во нашата уста испарува 24 часа дневно и предизвикува многу болести опасни по живот. Хроничниот умор е најчеста нуспојава која ја предизвикува живата.




Предупредување пред ставање
Од друга страна, стоматолозите и Светската здравствена организација ги негираат обвинувањата на научниците. Иако, застапниците на амалгам признаваат дека со тек на време може да дојде до испуштање на испарувања од жива кои со вдишување се апсорбираат, главно во белите дробови, а потоа преку крвта допираат и до сите органи, ваквите пломби и понатаму се користат, освен во Данска, Норвешка и Шведска.




Црните пломби се поотпорни и поевтини
Многу стоматолози ги користат затоа што механички се поотпорни и се двократно потрајни од белите пломби. Можат да траат од 10 до 15 години, а под нив да не се создаде кариес. Најголемата предност е во нивната цена. Тие се најевтини, па така им се достапни на сите. А се ставаат на задните заби за да не се гледаат – бидејќи се естетски непривлечни.




Живата го загрозува имунитетот
Познато е дека живата од амалгамските пломби со тек на време се ослободува и се таложи во организмот, тоа е факт. Многу истражувања потврдиле разни негативни последици од зголеменото ниво на жива во организмот. Живата е опасен канцероген отров погубен за имунолошкиот систем.




Белите пломби се побезбедни за здравјето
Од приложеното е видливо дека сепа преовладуваат негативните страни, па е подобро да се одвојат малку повеќе пари за вашето здравје и да се користат бели пломби. Недостаток е тоа што се послаби па полесно паѓаат, но не се опасни за здравјето, па на крај се исплаќа трошењето на парите.











