Овие резултати се добиени кога пациентите со висок крвен притисок испиле чаша од 250 мл свеж сок од цвекло.




Ниската надворешна температура е причина за зголемен притисок. Студот делува на стеснување на крвните садови и влошување на одредени здравствени состојби. Секој втор жител има висок крвен притисок, а безброј пати сме слушнале дека цвеклото може ефикасно да го регулира.




На оваа тема се занимаваа експерти и според објаснувањето на научниците од Универзитетот Квин Мери во Лондон – чаша свеж сок од цвекло делува како антихипертензивен лек.




Овие резултати се добиени кога пациентите со висок крвен притисок испиле чаша од 250 мл свеж сок од цвекло. Тие имале просечно намалување на крвниот притисок од околу 8/4 mmHg, што кај повеќето пациенти било намалување на „нормално“ ниво. Се поставува прашањето – како? Цвеклото содржи високо ниво на супстанца позната како „неоргански нитрат“, како и други лиснати зеленчуци како зелената салата и зелката.




Истражувањата покажуваат дека секое зголемување на крвниот притисок од 2 mmHg ја зголемува веројатноста за смрт од срцеви заболувања за 7 проценти и ризикот од мозочен удар за 10 проценти.




„Болестите на срцето и крвните садови, кои можат да предизвикаат срцев удар и мозочен удар, остануваат водечка причина за смрт во светот. Сепак, за разлика од некои други сериозни болести, ние сме среќни што можеме да направиме одредени промени во животниот стил кои драматично го подобруваат здравјето на срцето и крвните садови“, рече водачот на студијата, професор Амрита Ахлувалија од Универзитетот Квин Мери и додаде:




„Ова истражување докажа дека дневната доза на неоргански нитрат може да биде подеднакво ефикасна како и медицински лек за намалување на крвниот притисок, а најдобриот дел е што тој природен лек можеме да го добиеме од цвекло и друг лиснат зелен зеленчук“.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!











