Се проценува дека секој втор боледува од висок крвен притисок, а доколку не се лекува, оваа состојба драстично го загрозува кардиоваскуларниот систем и може да има опасни последици.

Луѓето кои страдаат од хипертензија обично добиваат терапија која помага да се одржи притисокот под контрола. Лекарите предупредија дека неколку грешки може да бидат не само опасни, туку и смртоносни за хипертензивните пациенти. Според експертите, постојат три главни грешки кои ги прават луѓето кои се борат со висок крвен притисок.

Најопасната грешка е самоиницијативно откажување од терапија или нејзино нередовно земање, наспроти советите на лекарот. Ако не ги земате лековите што ви ги препишал кардиологот, ризикувате да влезете во хипертензивна криза, па дури и да доживеете мозочен удар.

Во случај да сте забележале дека терапијата повеќе не ви делува, задолжително контактирајте го вашиот лекар за да може да ја прилагоди на вашата нова состојба.

Advertisement

Не помалку опасно за хипертензивните пациенти е злоупотребата на шеќер и сол. Лекарите истакнуваат дека со ограничување на овие производи притисокот може да се нормализира без земање лекови.

Нормата за консумирање кујнска сол е пет грама. Повеќето луѓе земаат по 12 грама, а хипертензивните и оние над 50 години не треба да земаат повеќе од три грама“, посочуваат лекарите.

Исто така, луѓето со хипертензија се предупредуваат да не се самолекуваат со разни „лековити“ билки. Според експертите, истовремениот третман со хербални препарати и лекови може да доведе до акутно токсично оштетување на црниот дроб.

Сепак, лекарите забележуваат дека постојат пијалоци и разни домашни „лекови“ кои можат да помогнат при овој проблем, но дефинитивно се советува претходно да се консултирате со лекар.

Advertisement