Тензично во бугарското Народно собрание меѓу пратеникот на „Продолжуваме со промените“ Искрен Митев и претседателот на „Преродба“ Костадин Костадинов, јавуваат бугарските медиуми.

Скандалот почнал од говорот од собраниската говорница, во кој Митев рече: „Некои работи станаа јасни. Стана јасно дека господинот Копејкин го предаде народот зошто си што купи куќа од нивните пари, парите што му останале, ги смени во евра, се вакцинираше и на крајот зеде картичка за да покаже дека е почовечен од другите“.

Во овие реченици на Митев се пронајде пратеникот на Преродба Костадинов кој му се обратил на претседателот на Собранието Кристијан Вигенин со зборовите: „Овој идиот, ќе му го скршам носот“. Сепак, Вигенин не му дадел збор, нагласувајќи дека не е јасно кому пратеникот Митев го адресирал говорот.

Костадинов отишол до местото во салата каде што седел Митев го повлекол за вратоврската. Тогаш во мешаницата се вклучија и пратениците од двете пратенички групи, а реагираше и обезбедувањето за да ги ослободи од клинч двајцата пратеници кои ги раздвоија за да не се степаат.

Advertisement

Вигенин, неколку пати реагираше со зборовите: Немојте пред гостите, по што за да ја намали тензијата, ја прекина седницата.

Непријатната сцена се случи пред гостите кои од балконот од салата, ја набљудувале работата на пратениците, а меѓу нив имало и деца./КАНАЛ5

Advertisement