По прележаниот коронавирус и консумирањето голем број лекови, потребно е природно чистење на целиот организам…

Чистењето или детоксикацијата на организмот се задолжителни процеси кои мораме да ги овозможиме на нашиот организам за да го зајакнеме имунитетот и да ги исфрлиме сите отрови од организмот. Токму поради овие причини треба да го детоксицирате својот организам и да ги исчистите и белите дробови и црниот дроб со природни препарати и намирници.
Ѓумбир

Богат е со витамините Ц и Б, магнезиум, бакар, манган и други минерали. Благодарение на високите концентрации на гингерол, овој егзотичен зачин придонесува за детоксикација на организмот. Неговите дигестивни ензими помагаат да се отстранат акумулираните токсини во црниот дроб. Исто така, докажано е дека ѓумбирот благотворно делува на разни оштетувања на црниот дроб, особено на „замастен црн дроб“, бидејќи ја намалува отпорноста на инсулин и може да спречи воспаление.

Ѓумбирот исто така го стимулира варењето и циркулацијата на крвта, а со тоа придонесува за детоксикација на организмот. Ѓумбирот позитивно влијае и на белите дробови бидејќи ги елиминира загадувачите од воздухот кои стигнуваат до каналите на белите дробови.
Куркума

Advertisement

Куркуминот има силни антиоксидантни, антиинфламаторни, антивирусни, антибактериски, антигабични и антиканцерогени својства. Куркумата го стимулира производството на жолчка во црниот дроб, што го помага варењето и го олеснува разградувањето на мастите во телото. Кај луѓето кои страдаат од замастен црн дроб, куркумата ја намалува воспалителната состојба на клетките на црниот дроб.

Истражувањата покажаа дека куркуминот помага да се отстрани притисокот од белите дробови предизвикан од долгорочно пушење, со што се намалува ризикот од рак на белите дробови. Дополнително, докажано е дека во комбинација со карфиолот спречува рак на простата и го запира растот на канцерогените клетки, спречува рак на дојка и меланом, го намалува ризикот од детска леукемија и се смета за природно средство за чистење на црниот дроб.
Лук

Благодарение на богатството од сулфур, алицин и селен, лукот го стимулира производството на важни ензими на црниот дроб кои придонесуваат за елиминација на токсините од телото. Оваа храна има и антиинфламаторно дејство, па помага при астма, а истовремено го намалува ризикот од рак на белите дробови.

Дополнително, употребата на лук го намалува развојот на кардиоваскуларни заболувања, со намалување на покачениот холестерол, го намалува зголемениот LDL – лошиот холестерол, го намалува лепењето на крвните клетки и спречува згрутчување на крвта, го намалува зголемениот крвен притисок. Исто така, намалува два други маркери на кардиоваскуларни болести, хомоцистеин и Ц-реактивен протеин..

Advertisement