За да го спречите таложењето на маснотии во клетките на црниот дроб, потребно е редовно да јадете една храна која сите ја сакаат. Се работи за сирење, и тоа е младо!

Многу нездрави навики кон кои се склони повеќето од нас можат да доведат до таложење на маснотии во клетките на црниот дроб. За да се спречи и намали таложењето на маснотии, доволно е да се внесе свежо сирење во исхраната, истакна нутриционистот Нурија Дијанова.

Како што пренесува Вести-онлајн, домашното, пред се младото сирење, ја има една од најдобрите комбинации на хранливи материи, вклучувајќи го и метионинот. Оваа аминокиселина многу добро делува на црниот дроб, помага практично кај сите болести на овој орган.

„Верувам дека метионинот е тој што помага да се намали количината на маснотии во црниот дроб. Научно гледано, можеме да кажеме дека урдата го подобрува метаболизмот на клетките на црниот дроб“, објасни нутриционистот.

Advertisement

За да се постигне ефектот потребно е дневно да се јаде најмалку 50 грама урда. Инаку, можете да го јадете со сите три оброци дневно, со тоа што на мажите поради пропорциите им требаат повеќе од 50 грама.

Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!

Advertisement