Зошто устата ви е сува и кога е тоа симптом на некоја болест? Прочитајте!

Кога вашата уста е повремено сува, тоа може да биде резултат на едноставна жед или некоја вирусна инфекција, па дури и напнатост или напад на страв. Меѓутоа, ако усната шуплина е долго време сува и овие периоди се повторуваат редовно, тогаш зборуваме за ксеротомија. Ова нарушување може да биде предизвикано од некои лекови, но и знак на болест.

Цела низа лекови може да доведат до сува уста – антидепресиви, лекови против алергија и затнат нос, лекови против анксиозност или Паркинсонова болест. Ксеротомијата се јавува и како резултат на зрачење при лекување на ракот, а поретко е предизвикана од проблем со плунковните жлезди.

Тоа е многу честа појава кај дијабетес, но и кај некои автоимуни заболувања. Се јавува кај пациенти со Сјогренов синдром, саркоидоза и инфицирани со ХИВ, затоа задолжително посетете лекар доколку немате причина да се сомневате во горенаведените причини.

Advertisement

Проверката може лесно да се направи со држење на шпатулата на мукозната мембрана на образот околу пет секунди. Ако може лесно да се одвои, плунката е нормална, но ако има потешкотии, тоа е ксеротомија.

Како резултат на сува уста се јавува лош здив, забите брзо се расипуваат поради кариес, чести се габични инфекции. Тешка е оралната хигиена, како и голтањето и зборувањето. Покрај терапијата што може да ја препише лекарот, се препорачуваат гуми за џвакање без шеќер и бонбони со ксилитол, како и постојана хидратација.

Advertisement