Во својот женски свет многу жени мораат машки да чекорат па така и Снежана Танева од Мрзенци.




„Пораснав во сточарска фамилија која цело време одгледуваше крави и овци. Кога ќе се родеше јагне и теле тоа беше огромна радост за сите нас. Но јас не сакав да продолжам да бидам фармер сакав да се омажам и да се спасам од макотрпната работа.




Сепак судбината ми скрои план каде морав да прифатам и да бидам столб на семејството во кое пораснав. Јас како трето дете го наследив земјоделското стопанство и веќе дваесетина години интензивно го работам.„ – рече Снежана.




„Некогаш неможеш да планираш предвреме а мораш да бидеш спремен на се во животот. Со ,,не можам” нема успех, пробај па ќе видиш и да згрешиш не треба да се разочаруваш. Секој треба да се труди, се е до карактерот. Некогаш и Бог ги реди коцките без наша волја. Животот е вреден, не е розов и знае да биде непредлив, но наше е да го живееме и да ги надминеме пречките.“ – дополни таа.




„Искрено успехот беше постигнат од моите родители јас само продолжив да го водам, а со тоа и да помагам на целата фамилија.




Секоја жена треба да е храбра и да не се страми од тоа што работи. Треба да биде свесна дека треба да се среди и да си пружи социјални активности. Животот е тежок, организацијата е особено тешко, кога сте со мали деца и роботиш во фарма, но мора да се организираш според условите и искрено имам голема помош од мојот брат, сопругот, децата, зетот, мојата сестра и мајка ми.




Оваа работа бара голема организација за правилно да функционира фармата. Бара многу работа и работна сила.“ – заклучи Снежана.












