Чистењето на тоалетната шолја во бањата е една од најтешките задачи за домаќинките. Самата помисла дека бигорот тешко се отстранува во бањата ви предизвикува главоболка, но со овој метод ќе ги отстраните сите нечистотии.

  • СЕ ШТО ВИ ТРЕБА СЕ:
  • 1 чаша сода бикарбона
  • 1/4 шолја дехидрирана лимонска киселина
  • 5 капки есенцијално масло
  • Вода
  • сода бикарбона

Измешајте сода бикарбона, лимонска киселина и есенцијално масло во сад. Додадете малку вода за да се соединат сите состојки.

Добиената смеса ставете ја во калапи за мраз и оставете ја да се исуши.

Кога ќе се исушат коцките извадете ги и ставете ги во стаклена тегла.

Advertisement

Потоа пуштете една во тоалетната школка и гледајте како ја прави целата валкана работа за вас.

Резултатот ќе ве воодушеви!

Advertisement