Туристи кои се сместени во апартманите меѓу селата Лагадин и Пештани снимија необична појава вчера над подвршината на Охридското езеро.




Имено, ветерот кој врши центрифугално движење формира торнадо, кое со голема брзина се движи по површината на водата.




Во еден момент поминува и преку чамците во езерото при што превртува еден од нив.




Тоа го коментираат и лицата кои снимаат видеото и го посматраат движењето на торнадото кое охриѓани го викаат „пијајца“.
Advertisement




Ваквите појави не се чести над Охридското езеро, но силното невреме проследено со дожд, грмежи и ветер кое беснее низ целата држава ја предизвика оваа необична природна појава./Извор С.П
Advertisement











