Во традиционалната медицина лукот зазема посебно место. Тој содржи повеќе од 200 биолошки активни материи, а најприсутни се етеричните масла, витамините А, Б1, Б2 и Ц како и калиум, железо, сулфур, јод, калциум, фосфор, селен и аминокиселини, ензими, аденозин и алицин.

Медицинските истражувања потврдуваат дека аденозинот од лукот спречува создавање на крвни згрутчувања, а органските компоненти кои содржат сулфур го намалуваат холестеролот и делуваат превентивно на развојот на малигни болести.

Што сè лекува лукот?

Лукот го намалува крвниот притисок за 5 до 10 отсто, ја нормализира работата на срцето, ја подобрува работата на крвните садови, а делува и на одржување на нивната еластичност. Исто така, го подобрува варењето и работата на желудникот, црниот дроб, бубрезите и простатата, а помага и во лекување на разни белодробни заболувања. Исклучително е делотворен во лекување на грип и бронхитис, поради што Русите го нарекуваат и „руски пеницилин“.

Advertisement

Сите негови состојки се во концентриран облик и се лековити и во минимални количини, а особено здрава е и водата од лук.

Како се подготвува вода од лук?

Исчистите 8 чешниња лук и преполовете го секое чешне. Измијте ги под млаз вода, а потоа ставете ги во тегла и прелијте ги со 1 литар вода. Затворете ја теглата и оставете ја во фрижидер на 1 час.

Како се користи?

Помешајте една четвртина вода од лук со чаша обична вода. Се пие неколку пати дневно, најмалку 3, освен првиот ден кога можете да ја консумирате на секој час и половина. Оваа доза ќе ви биде доволна за 3 до 4 дена, по што можете да направите нова доза.

Advertisement