Грчката полиција, судејќи според зборовите на Србите кои живеат во Грција, почна да наплаќа казни за неодговорните пушачи кои фрлаат цигари низ прозорецот на автомобилот.

Администраторката на Фејсбук групата „Во живо од Грција“, Ана Николиќ, ги предупреди сите Срби кои летуваат на Халкидики во Грција дека властите почнале да казнуваат прекршок што, за жал, го практикуваат голем број Срби.

Фрлањето цигари од прозорецот на автомобилот почнало да се санкционира, а вчера во текот на денот била сведок кога Противпожарната служба му изрекла казна на возач. Како што се наведува во соопштението, преземени се засилени мерки поради високата опасност од пожар.

Еве го нејзиниот пост во целост:
„Вчера на Халкидики едно лице е казнето затоа што фрлил отпушок од автомобил. Казната ја напиша Противпожарната служба. Во период кога има големи суши и високи температури, фрлањето цигара во природа многу лесно може да предизвика пожар.

Advertisement

Пожарникарите заедно со инсперктори патролираат на Халкидики, но и на други дестинации поради екстремно високите температури.

Минималната казна за овој прекршок од страна на Противпожарната служба е 200 евра, но казната се скалира во зависност од категоријата на ризик.

Доколку направите прекршок во период кога има висок ризик од пожар како сега, казната би била минимум 400 евра, а веројатно и повеќе. Максималната казна е 5.000 евра, во случај на повторен прекршок.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита ја ажурира картата за опасност од пожар по регион и област, врз основа на која се утврдува висината на казната.

Најодговорна за овие проверки е сообраќајната полиција. Според грчките закони: „Возачите на сите видови возила кои од своето возило фрлаат предмети или супстанции кои ја загадуваат околината или можат да предизвикаат пожар или несреќа, како што се цигарите, се казнуваат со одземање на сообраќајната и возачката дозвола на лице место за 60 дена“.

Инаку, пушењето во автомобил е дозволено со закон, со еден услов: во возилото не смее да има дете помладо од 12 години.
Прекршувањето на оваа регулатива доведува до многу високи казни.
„За наведениот прекршок, патникот кој пуши се казнува со 1.500 евра без разлика дали е возач, додека глобата се удвојува на 3.000 евра доколку пушачот вози службено возило.

Дополнително, на возачите на овие возила им се одзема возачката дозвола за период од еден месец за секој прекршок, дури и ако прекршокот не го сториле самите тие, туку лицето кое управувало во автомобилот“, напиша Ана Николиќ.

Advertisement