Брз и ефикасен начин да се ослободите од несовршеностите

Секоја кожа има своја мала мана и секоја жена се обидува да ја прикрие таа несовршеност, без разлика дали се работи за пигментациски точки, мозолчиња или само нерамна текстура.

Социјалните мрежи се полни со трикови и совети за прикривање на акните, а еден за кој веројатно не сте слушнале е „лепливиот метод“ по кој жените буквално полудеа.

Микајла Ногиера на TikTok покажа како целосно ги покрива своите акни, а тие добија повеќе од три милиони прегледи за помалку од 24 часа откако беа објавени.

Advertisement

Процесот започнува со навлажнувачки серум кој ќе остави леплив слој на вашата кожа.

Иако самата Микајла одлучила да користи серум со хијалуронска киселина, таа забележува дека „секој серум што остава леплива завршница на лицето по нанесувањето ќе биде ефикасен“.

Потоа преминете на следниот чекор – нанесете прајмер, односно кој било производ кој е наменет да ја подготви кожата и воедно да помогне шминката да се залепи на лицето.

После тоа, вашето лице ќе биде исклучително лепливо и токму тоа сакате да го постигнете бидејќи, како што вели шминкерот, вашиот мат коректор ќе се залепи за вашето лице како лепак.

Најважниот чекор е да го оставите коректорот да се исуши (затоа е најдобра мат опцијата).

– Почекајте до пет минути за целосно да се исуши. Времето на сушење е многу важно за производите со леплива текстура. Дури препорачувам да користите вентилатор доколку имате – објаснила Микајла во видеото.

Конечно, откако коректорот ќе се исуши, нанесете подлога над него – пудра со средна до целосна покриеност и користете бјути блендер за да ја нанесете.

Потоа завршете го остатокот од вашата рутина за шминкање.

Погледнете го видеото ТУКА

Advertisement