Ни се чини дека знаеме се за нега на коса и дека нема простор за изненадувања. Важно е да се користат квалитетни препарати, да не се доближува фенот до косата, да не се чешла додека е целосно влажна…




Сепак, постојат и оние правила за кои до сега не сме слушнале, а оние кои ги пробале велат дека прават огромна разлика.




Фризерот и трихолог Филип Кингсли тврди дека регенераторот за коса треба да се нанесува пред шампонирање. „На овој начин косата ќе биде сјајна, бујна и добро ќе опаѓа, особено ако имате локни“, тврди тој.




„Намокрете ја косата со топла вода за да ја отворите косата, а потоа нанесете го регенераторот со кружни движења веднаш под коренот до врвовите. Оставете го производот да делува половина час до еден час, а потоа исплакнете.




Потоа, истуширајте се и продолжете со вашиот вообичаен ритуал за нега. Нанесете шампон, а потоа регенератор на вообичаен начин“, советува Филип.




Овој метод обезбедува интензивна хидратација. Веќе по првиот пат ќе забележите дека вашата коса уште повеќе ќе блесне и ќе стане погуста. Обидете се да направите вакви маски со балзам два пати неделно и ќе бидете воодушевени од резултатите.
Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!











