Иако можеби го користите вашиот фен само за сушење на косата, за да спречите сериозна состојба, треба да почнете да го користите и на нозете.

Зад овој совет се крие прилично логично објаснување. Според експертите, по секое туширање треба да ги сушите ноктите на нозете со фен. Експертот за нокти, Дебора Липман, вели дека сушењето на ноктите на нозете после туширање е сосема оправдано, бидејќи го запира развојот на габата на ноктите, која штом ќе се појави бара долг и напорен процес за справување.

Ако ноктите сами се сушат на воздух, потребни се 30 минути за добро да се исушат аглите и просторите меѓу прстите, а токму тоа се местата каде што габата најчесто се појавува и потоа се шири.

Ако користите фен, сушењето ќе се направи за само една минута, а ќе го запрете развојот на габите. Многумина од нас не размислуваат што може да се случи ако не се грижиме правилно за нозете и ноктите на нозете. Габите, инаку, се особено фаворизирани од влажните области.

Advertisement

За дополнително да избегнете формирање на габи, избегнувајте премногу тесни чевли. Секогаш избирајте го оној во кој постои можност за циркулација на воздухот. Неопходно е редовно менување чорапи, особено ако вашите стапала се склони кон потење.

Првиот знак дека веројатно имате габа се бели точки на вашите нокти. Показател може да биде и сувата кожа на стапалата

Advertisement