Пробајте и килограмите сами ќе паднат.
Кога станува збор за пченкарното брашно, доволно е да се каже дека дури и бебињата можат да го јадат по петтиот месец од животот, а тоа доволно ви кажува колку е здраво за целото тело.
Пченкарното брашно не содржи глутен и може да го консумираат сите
Качамак или палента содржи доволно минерали, хранливи материи и витамини кои му се неопходни на нашиот организам. Палентата е одлична за ослободување од вишокот килограми, бидејќи влијае и на добро и здраво варење.
Пченкарното брашно содржи голем број на хранливи материи. Ова брашно е одличен извор на фолати, витамини Б6, К и Е, пантотенска киселина, тиамин, рибофлавин и ниацин. Може да се пофали и со висока содржина на фосфор, магнезиум, цинк, калиум, бакар, селен и манган .
100 гр палента содржи околу 380 калории. Содржи само природни материи, така што неговите јаглехидрати и липиди се позитивни за човечкото тело, пишува Нови.ба.
- Придобивките од палентата
- Го забрзува метаболизмот
- Го зајакнува имунитетот кај децата
- Го намалува холестеролот
- Ја спречува дебелината
- Диета со палента – мени за 4 дена
понеделник
Појадок : 100 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица Ручек: 100 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат Вечера: 100 гр палента, шолја кефир
вторник
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат Вечера: 100 гр палента, шолја кефир
среда
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица Ручек: 200 гр палента, 50 гр младо сирење и еден домат Вечера: 200 гр палента, шолја кефир
четврток
Појадок: 200 гр палента, шолја јогурт со малку маснотии и една краставица Ручек: 300 гр палента, 50 гр урда и еден домат Вечера: 200 гр палента, шолја кефир
Како правилно да се подготви палентата
Додадете ја палентата во посолената вода што зоврие, брзо измешајте да не се формираат грутчиња, а потоа можете да ги измешате свежо изматените јајца.
Кога палентата е готова, додадете две лажички малку потпечен сусам.











