Теми Слејтон беше дел од реалното шоу на TLC во кое беше прикажан нејзиниот живот како исклучително дебела личност. И тогаш се случи неверојатна трансформација.

Веројатно се сеќавате на двете слатки сестри на риалити телевизијата TLC кои заедно тежеа преку 500 килограми . Гледачите се интересираа како живеат дебелите луѓе и со какви проблеми се соочуваат. Од нивното ограничено движење до она што го јадат.

Но, таа тежина многу влијаела на нивниот живот и здравје, па за време на корона вирусот, животот на Тами бил загрозен.

Сега ги воодушеви сите кога драстично ослабе и целосно го промени животот.

Advertisement

Тами успеа да ослабе над 181 килограм, а на новите слики е непрепознатлива додека позира во костим за капење.

Но, што се случило во нејзината глава кога решила толку драстично да го промени својот живот и изглед? Нејзиното здравје било загрозено и лекарите ја советувале итно да ослабне. Таа решила да помине 14 месеци во специјална болница за слабеење, каде го запознала својот сопруг. За жал, тој почина минатата година, а Тами со операција на гастричен бајпас успеа да ослабе 129 килограми, а потоа ослабе вкупно 181 килограм.

Таа сега е среќна и задоволна со себе, а неодамна на социјалните мрежи објави фотографија во костим за капење додека стои до својата пријателка Хејли Мишел. Поради начинот на кој седеле и се гледале, моноги шпекулирале дека тие двајца се пар. Сепак, Тами се уште не се изјаснила за тоа.

Advertisement