Доктор Матиќ открива како на природен начин да ја исфрлите водата од телото и да го зачувате здравјето.
Поради брзиот начин на живот, нередовната и неправилна исхрана, доаѓа до прекумерно задржување на водата во организмот . Отечени зглобови, вишок килограми и поспаност се само некои од симптомите кои укажуваат на овој проблем.
Нутриционист, проф. Д-р Момчило Матиќ објаснува зошто водата се задржува во телото и како таа може природно да се исфрли.
– Задржување на водата во организмот може да дојде од многу причини, но тоа значи дека водата не се исфрла во доволна количина. Органските системи за исфрлање на течноста, првенствено бубрезите и лимфата, не исфрлаат доволно течност и тогаш доаѓа до нејзино задржување – под кожата, во некои органи, во некои делови од телото. Тоа најчесто се забележува кај отоци, кои се појавуваат на долните екстремитети, а потоа можат да се појават на лицето – отекување на лицето, на рацете, отоци во стомакот… – објасни д-р Матиќ во „Јутру“ на Телевизија Прва и додаде:
– Дебелите луѓе имаат тенденција да задржуваат течност, бидејќи многу течност не може да помине низ лимфниот систем, за да се исфрли, поради масните клетки кои го блокираат просторот. Значи, во тој случај можеме да имаме двоен ефект – и задржување на водата и формирање на целулит.
Што предизвикува задржување на водата во телото
– Има многу причини – оние кои се банални, не се опасни, а тоа е ако внесеме премногу течност и нашиот елиминациски систем, како што се бубрезите, не може да исфрли доволно течност поради проблеми на истите тие органи. Потоа, декомпензација на срцето, проблеми со белите дробови, проблеми на ниво на други органи – црниот дроб… и тоа се веќе посериозни работи. Исто така, проблеми со венската циркулација може да бидат причина. Потоа, ако има некакви тромби, циркулаторниот систем, сето тоа може да го попречи исфрлањето на водата.
– Најчести причини се недоволното движење, недоволното спиење и физичката активност. Мораме да вежбаме за лимфата да се движи. Исто така, за време на бременоста се зголемува волуменот на крвната плазма и се јавува надуеност. Ако пиеме малку вода, телото може да ја задржи водата за да ја спаси.
– Со кофеинот треба да бидете многу внимателни, бидејќи тој е познат диуретик. Диуретиците треба да се земаат со претпазливост, бидејќи тие можат да исфрлат толку многу течност што може да предизвикаат проблеми во нашето тело – се зголемува крвниот притисок, се зголемува нивото на кортизорот, се зголемува нивото на адреналин и се појавуваат хормонални нерамнотежи.
Најдобар начин за исфрлање на водата од телото
– Правилна хидратација. најдобрата течност за пиење е водата, штом ќе станеме наутро треба да испиеме две чаши млака вода. Зошто? Кога чистата вода влегува во телото, таа едноставно го хидрира целото тело, ги снабдува нашите органи и клетки, особено мозокот и бубрезите. А со кафето и диуретиците внимавајте бидејќи ќе исфрлиме калиум, а вишокот или недостатокот на калиум може да направи големи проблеми бидејќи срцевиот ритам, притисокот зависат од калиумот… Моја препорака, откако ќе испиете две чаши вода наутро, вие може да земе малку чај, како што е равнец и да го додадеме на тој чај, да речеме мајчиниот сок од калинки, боровинки, многу малку и без шеќер. Добра е и лубеницата, може да ја користат и дијабетичарите. – објасни докторот.











