Славица Роквиќ е мултиталентирана жена, а начинот на кој го украсила домот е фантазија

По прераната смрт на нејзиниот сопруг Маринко Роквиќ , Славица Роквиќ своето време го посвети на своите деца и внуци. Таа денес е столб на семејството Роквиќ, а семејниот дом на Баново брдо се обидува да го претвори во оаза на мирот и спокојството.

Нејзиното чувство за фини детали најдобро се отсликува во декорацијата на станот, а нејзините вештини во кујната и се надалеку познати на јавноста.

„Кога имагинацијата ќе ја претвориме во реалност, тогаш сетилата уживаат во сцената на бајката која буди радост“, напиша Славица заедно со видеото на кое се гледа како го украсила својот дом за празниците.

Advertisement

Како што можете да видите на другите слики, главната просторија во куќата е огромна дневна соба и трпезарија каде што се собира семејството.

Има голем аголен тросед, преовладуваат нежни тонови, додека ѕидовите се полни со уметнички слики. Славица добар дел од денот го поминува и во кујната која ја опремила по своја волја и желба.

Покрај тоа, Славица има и катче за уживање каде се релаксира со кафе, а јасно е дека се грижи за секој детал.

 

Advertisement